Достапни линкови

logo-print

Јапонците заинтересирани за купување роботи


На саемот за роботи во Јапонија се прикажани примероци кои може да зборуват, да бараат изгубени предмети и да си играат со деца. Саемот го посетиле илјадници луѓе. Организаторите на саемот велат дека посетителите се најмногу заинтересирани за роботите кои комунициираат , затоа што има многу повозрасни Јапонци кои живеат сами, па роботите им прават друштво или им помагаат во домаќинските работи. Јапонија е едно од општествата каде населението старее, се предвидува дека до 2050-та ќе има над 40 проценти луѓе постари од 65 години
XS
SM
MD
LG