Достапни линкови

Приведени 9 екологисти во Русија


Полицијата во Рuсија привела 9 екологисти по протестите за заштита на руските шуми. Повеќе од 90 демонстранти вчера фрлаа камења и димни бомби на административната зграда во Кимки , град надвор од Москва, каде се планира да се изгради автопат низ локалната шума. Полицијата вечерта уапси 9 активисти кои се обидуваа да го спречат сечењето на дрвјата. Демонстрантите велат дека не биле насилни. И полицијата го потврдува тоа , но активистите биле приведени затоа што го нарушиле јавниот ред и мир.
XS
SM
MD
LG