Достапни линкови

Тачи: нема дијалог со Србија за внатрешните работи


Премиерот на Косово Хашим Тачи во интервју за приштинскиот дневник ,,Бота сот,, ги отфрли наводите дека бил понуден некаков модел за северот на Косово и повтори дека за внатрешните косовски работи нема да се разговара со Белград. ,,Ни под какви услови, ни по каква цена нема да биде доведен под прашалник територијалниот интегритет на Косово. За идеите на Белград не сакаме да размислуваме. Нашата држава треба да ја развиваме според западните стандарди, а не според менталитетот на Слободан Милошевиќ,, изјави Тачи.
XS
SM
MD
LG