Достапни линкови

Србија лобира во ОН во врска со Косово


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска во Њујорк треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. На средбата ќе се разговара за Косово по изнесеното мислење на Меѓународниот суд на правдата за косовската независност. Тој ќе има и поголем број средби со постојаните амбасадори при Обединетите нации како подготовка на седницата на Советот за безбедност, посветена на Косово, а која е закажана за идната недела. Србија вчера поднесе резолуција до Генералното собрание во која се наведува дека едностраната сецесија не е прифатлив начин за решавање на територијалните прашања и се повикува на изнаоѓање решение за Косово по пат на дијалог.
XS
SM
MD
LG