Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Грција


Грчката полиција употребила солзавец против сопствениците на цистерни кои денеска протестираат во Атина поради синоќешната наредба на владата за мобилизација на граѓаните со цел да го оконча нивниот штрајк против мерките за штедење. Наредбата беше издадена неколку часа по пропаѓањето на преговорите меѓу владата и штрајкувачите. ,,Никој нема право да да ја парализира земјата,, изјави министерот за финансии Јоргос Папаконстантину. Мобилизацијата се воведува кога земјата е во воена состојба или е погодена со елементарна непогода.
XS
SM
MD
LG