Достапни линкови

Препорака од МНР за патување во Грција


Министерството за надворешни работи на Македонија им препорачува на граѓаните кои планираат да патуваат во Грција со патнички возила, да влегуваат во земјата со полн резервоар гориво, како и да внимаваат на количеството на гориво неопходно за враќање. Ваквата препорака произлегува од состојбата со патниот сообраќај во Грција, поради кризата со дистрибуцијата на гориво на бензинските станици, предизвикана од штрајкот на транспортерите кои ги блокираат излезите од рафинериите и скалдиштата со гориво. Во соопштението се наведува дека ситуацијата била посебно влошена во туристичките места.
XS
SM
MD
LG