Достапни линкови

Кумановската болница ќе се реновира


Илустрација: Руинирана болница

Илустрација: Руинирана болница

Околу еден милион евра ќе бидат потрошени за реновирање и модернизирање на кумановската болница

Општата болница во Куманово е една од 20-те во државава за чија реконструкција, реновирање и модернизирање ќе бидат потрошени околу еден милион евра. Кумановската болница е една од постарите и веќе е заборавено кога последен пат се извршени големи промени. Обемот на работата е зголемен,а условите во некои одделенија на болницата наликуваат на примитивни објекти, а не на објекти во кои се води грижа за здравјето на луѓето.
Ние имавме среќа да бидеме една од првите болници за реновирање.


Затоа за потпишувањето на договорт за реновирање на кумановската болница од министерот за здравство директорот на Општата болница во Куманово, Ариф Љатифи вели:

„Ние имавме среќа да бидеме една од првите болници за реновирање“.

Според Љатифи предвидено е:

„Реновирање на главната болничка зграда каде што се сместени гинекологија, педијатрија, хирургија и детското одделение. Ќе се постави нова фасада, нови прозорци, канализациона и водоводна мрежа.“

Една од најстарите болнички згради е „Задужбина на Никола Спасиќ“ за која Љатифи вели:
Се очекува да се реновира нервното и псијатриското одделение, институтивното одделение, но ќе се гради и сосема нова зграда за дијализа и трансфузиологија. Целата зграда ќе има површина од 900 квадратни метри површина.

„Ќе се реновира зградата „Никола Спасиќ“ и ќе биде целосно обновена.“

А нервниот и психијатрискиот оддел пак кој децении наназад е сместен во своевидна барака, во која условите за пациентите и за вработените се на многу ниско ниво:

„Се очекува да се реновира нервното и псијатриското одделение, институтивното одделение, но ќе се гради и сосема нова зграда за дијализа и трансфузиологија. Целата зграда ќе има површина од 900 квадратни метри површина.“

Во летните месеци објаснува Љатифи поради користење на годишните одмори редуциран е стручниот кадар кој, поради заминување на лекарите во приватна пракса, ионака е недоволен за прружање на услугите на граѓаните.

„Од друга страна пак зголемен е бројот на пациентите, бидејќи ова време многу граѓани на времена работа во странство доаѓаат дома, поради што е зголемен и обемот на работата.Тој е зголемен за 15 до 20 отсто“
Вели Љатифи.

А драѓаните на Куманово пак се помалку се задоволни од услугите кои што ги добиваат во болницата. Многумина велат дека тешко на оној кој ќе мора да оди таму.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG