Достапни линкови

ЕУЛЕКС претресувале во домот на поранешен лидер на ОВК


Припадници на полициската мисија на Европската унија на Косово - ЕУЛЕКС денеска извршиле претрес во домот на поранешен лидер на ОВК и му наредиле да се јави пред специјален обвинител во текот на неделава. Портпаролот на ЕУЛЕКС Карин Лимдал изјави дека претресот е извршен во рамки на истрагата во врска со тврдењето на маж, дека неколку поранешни лидери на ОВК му наредиле да ги убие нивните политички опоненти и осомничените соработници на српскиот режим. Според локалните медиуми станува збор за Азем Сула, еден од главните организатори на ОВК, која се бореше против српските сили за време на војната на Косово од 1998-1999 година.

XS
SM
MD
LG