Достапни линкови

Поскапува парното од 1 август


Граѓаните од 1-ви август ќе плаќаат повисока цена за парно греење за околу 10 проценти поради зголемување на цената на природниот гас и цената на мазутот на светските пазари, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров. Топлификациите барааат зголемување на парното и за повеќе од 50 проценти но од регулаторната комисија велат дека зголемувањето ќе биде до 13 проценти. Крајната одлука за зголемување на цената ќе биде донесена на главната седница кон крајот на оваа недела а зголемувањето ќе важи до крајот на годината, подеднакво и за домаќинствата и за деловните објекти. Парното последен пат поскапе лани во декември.
XS
SM
MD
LG