Достапни линкови

Реакција на Владата за случајот отпуштања во Канал 5


Од Владата во целост ги демантираат шпекулациите и неточните реакции за наводните влијанија на Премиерот и други владини функционери , во случајот на отпуштање на група новинари од телевизија Канал 5. Во сооопштението на Валдата се наведува дека ниту претседателот на Владат а ниту кој било друг владин функционер нема врска со одлуката на менаџментото на телевизијата за отпуштање на новинарите. Од Владата негираат и дека се мешале во уредувачката политка на медиумот. Во јавноста се појави писмото на новинарката Весна Ковачевска Трпчевска во кое таа бара Премиерот да престане да прави упад во професионалното новинарство. Новинарката наведува дека во редакцијата се функионирало под закани и притисоци дирекно од кабинетот на Премиерот. Таа вели дека се отпуштени новинари кои се спротиставувале на спроведување на партиска политика. Од Владата велат дека во писмото сепак се упатени преостри зборови кон претседателот на Владата, Владата и владините функционери, кои не се базираат на докази и факти
XS
SM
MD
LG