Достапни линкови

Груевски охрабрен од оценките од Брисел


Македонија вчера од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни работи, но преовладуваат позитивните коментари и позитивните оценки за сработеното, така што ние сме охрабрени и ова го гледаме како валоризација на нашиот труд и трудот на сите кои беа вклучени во досегашните реформи и модернизација, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Премиерот изјавил дека оценката од Брисел е на некој начин негација на она што опозицијата цело време го тврдеше. Груевски изјави дек а еоптимист дека и оваа година Македонија ќе добие позитивен извештај од Европската комисија. Одредувањето датум почеток на пристапните преговори со ЕУ, според него, не зависи само од реформите и модернизацијата што ја прави Македонија, туку и од Грција, од која, како што рече, во овој момент нема ништо ново
XS
SM
MD
LG