Достапни линкови

Ганиќ пристигна во Сараево


Поранешниот босански лидер Ејуп Ганиќ пристигна во Сараево на еден ден откако судот во Лондон одби да го испорача на Србија. Србија го бара Ганиќ за воени злосторства. Медиумите известуваат дека неколку стотици луѓе чекале на аеродромот во Сараево за да му посакаат добредојде на Ганиќ. Ганиќ беше уапсен на 1 март откако тоа го побара Србија. Ганиќ е обвинет дека наредил напад на еден контингент на југословенската амрија кој се враќала во 1992-та од Сараево.
XS
SM
MD
LG