Достапни линкови

logo-print

„Мојот пратеник“ со податоци за работата на пратениците


Пратениците од ДПА кои го бојкотираат Паралментот имаат најмногу оправдани отсуства од пленарните седници на Собранието во првата половина на оваа година, се наведува во седмото издание на „Мојот пратеник“. Од другите пратенции кои имаат многу оправдани отсуства предничат Фијат Цановски со 59 и Али Ахмети со 58 отсуства, а од пратеничките тука се Ермира Махемти и Теута Арифи со по 47 . Според „Мојот пратеник“ 29 пратеници воопшто не проговориле на пленарните седници во првите шест месеци од годинава. Најактивна во поставувањето на прашања е Флора Кадриу, а најголем број предлог закони поставила пратеничката од СДСМ Станка Атанасова. Најмногу амандмани има поднесно Томе Чинговски од СДСМ и тоа 362. Листата на пратеници кои присуствувале на сите 63 пленарни седници одржани во периодот јануари-јули 2010 година ја предводи потпретседателката на Собранието Светлана Јакимовска.
XS
SM
MD
LG