Достапни линкови

Средба Милошоски-Мета


Антонио Милошоски и Илира Мета

Антонио Милошоски и Илира Мета

Продлабочување на соработката и евроинтеграциите на регионот, теми на средбата меѓу министрите за надворешни работи Антонио Милошоски и Илир Мета.

Рокови за решавање на спорот меѓу Грција и Македонија нема, проблемот е во недостатокот на политичка волја. Oва денеска го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата со неговиот албански колега Илир Мета.

„Мислам дека решавањето на македонско-грчкиот спор, не го ограничуваат рокови, туку го ограничува недостатокот од политичка воља и прагматизам или инсистирање на одредени ирационални позиции коишто се тешко разбирливи во 21 век.“
Мислам дека решавањето на македонско-грчкиот спор, не го ограничуваат рокови, туку го ограничува недостатокот од политичка воља и прагматизам или инсистирање на одредени ирационални позиции коишто се тешко разбирливи во 21 век.


Милошски вели дека на вчерашниот состанок во Брисел на Советот за стабилизација и асоцијација ја изложиле македонската позиција, а тоа е дека земјата останува посветена со добра волја да ги продолжи разговорите во македонско грчкиот дијалог за надминување на билатералниот спор.

„Република Македонија останува посветена со добра воља и намера да ги продолжи разговорите во македонско-грчкиот дијалог за надминување на билатералниот спор. Што поскоро се надмине овој ирационален спор толку подобро ќе биде и за двете земји и за целиот регион, ќе може таа енергија да се искористи продуктивно во рамките на европските интеграции.“

Антонио Милошоски и Илир Мета

Мета изрази надеж дека проблемот со името ќе биде набрзо надминат за Македонија да ја оствари евроатланската интеграција.

„Јас верувам дека Македонија ги исполнува сите обврски за да биде членка на НАТО и искрено се надевам дека во блиска иднина ќе ги започне преговорите со ЕУ, затоа што верувам во напорите на македонското раководство за да најдат што побрзо конструктивно решение за тие прашања.“

Двајцата министри позитивно ја оцениа одлуката на Хаг за независноста на Косово. Тие разговараа и за билатералните односи меѓу двете земји и за унапредување на економската соработака.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG