Достапни линкови

Сите 152-ца патници загинале во несреќата во Пакистан


Сите 152 патници кои се наоѓле во авинот кој се урна денеска во Пакистан загинале, соопштиле пакистанските власти. Властите ги негираат претходните извештаи дека спасувачите пронашле 5 преживеани патници. Се уште не се јасни причините за несреќата, но се наведува дека временските услови биле многу лоши. Од американската амбасада во Исламабат соопштиле дека во авионот имало и двајца американски државјани. Авионот и припаѓал на приватната Аир Блу и летал од Карачи до Исламабад пред да се урне во брдата Маргла на 2 километри од центарот на Исламабад.Пакистан прогласи ден на жалост.
XS
SM
MD
LG