Достапни линкови

Средба Милошоски-Мета во Скопје


Билатералните прашања во Југоисотчна Европа не треба да се решаваат со исцртување на нови граници , туку со обединување и соработка во регионот, се согласиле министрите за надворешни работи на Македонија и Албанија кои денеска имаа средба во Скопје. Министерот Антонио Милошоски изјавил дека билатералните проблеми на Балканот треба да се решаваат на ист начин на кој биле надминати проблемите меѓу земјите основачи на ЕУ по Втората Светска Војна. Неговиот албански колега Илир Мета изјавил дека на граѓаните од регинот им е досадно да слушаат за планови за поделба на Балканот и затоа е време да се зборува за обединување и градење на нови врски.
XS
SM
MD
LG