Достапни линкови

Пакистан:намалени шансите за преживеани по авионската несреќа


Се намалуваат надежеите дека ќе се најдат преживеани патници од авионската несреќа која се случи во Пакистан. Во авионот се наоѓале 152 патници,а властите потврдија дека до сега пронашле тела на 45 патници. Но обидите да се најдат и другите се отежнати бидејќи во регионот каде што паднал авионот има силен дожд.Авионот и припаѓал на приватната Аир Блу и летал од Карачи до Исламабад пред да се урне во брдата Маргла на 2 километри од центарот на Исламабад.Во Пакистан е прогласен ден на жалост.
XS
SM
MD
LG