Достапни линкови

Ливерпул во Скопје


На стадионот Фипил Втори утре ќе се соочат Работнички и Ливерпул

На стадионот Фипил Втори утре ќе се соочат Работнички и Ливерпул

Денеска во Скопје ќе допатува англискиот фудбалски клуб Ливерпул, каде утре ќе се соочи со Работнички во рамки на третото квалификациско коло на Лигата на Европа.

Погледите на европската фудбалска јавност, утревечер ќе бидат насочени кон Арената Филип Втори во Скопје. Причина - првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на Европа, меѓу Работнички и најтрофејниот англиски клуб - Ливерпул.
Овој меч и гостувањето на 18-кратниот англиски првак и петкратниот европски шампион, кој денеска ќе допатува во Скопје, веќе 6 дена е топ тема во домашната јавност, а еуфоријата која владее не ја намалуваат ниту најавите дека „црвените“ ќе настапат без најголемите ѕвезди. Кој и да игра во дресот на Ливерпул, тој е магнет за фудбалските вљубеници, кои до максимум ќе го исполнат нашиот најголем стадион, чиј капацитет со пуштањето и на реновираната Јужна трибина, сега изнесува 22.000 гледачи. Тоа најавува спортски спектакл и голема поддршка за Работнички, што на неговите играчи дополнително им го зголемува мотивот за постигнување позитивен резултат.
Секако оптимисти сме, знаеме што е Ливерпул меѓутоа спортски е да се надеваме дека ќе ја зачуваме мрежата. Ќе дадеме се од себе како јас, така и целата одбрана и мислам дека ќе останеме без примен гол на првиот меч, па за натаму ќе
видиме.


„Секако оптимисти сме, знаеме што е Ливерпул меѓутоа спортски е да се надеваме дека ќе ја зачуваме мрежата. Ќе дадеме се од себе како јас, така и целата одбрана и мислам дека ќе останеме без примен гол на првиот меч, па за натаму ќе видиме“, изјави голманот Мартин Богатинов.

За голема борба е подготвен и првиот адут во нападот, со 18 голови нашиот најефикасен фудбалер во евро куповите, Бразилецот со македонски пасош, Вандаир.

Капитенот на Работнички Никола Глигоров i тренерот Зоран Стратев

„Се знае дека малку е тешко. Ќе играме поотворено, ќе играме за да дадеме гол и да направиме нешто добро за клубот, за државата и за нас.“
Се знае дека малку е тешко. Ќе играме поотворено, ќе играме за да дадеме гол и да направиме нешто добро за клубот, за државата и
за нас.

Популарниот Ване, на прашањето дали ќе ја затресе мрежата и на Ливерпул, додаде:

„Јас се надевам, ама ако не јас, нека биде некој друг.“

Покрај на теренот, дуелот Работнички - Ливерпул, ќе го одбележи и битката на трибините. Од Англија во Скопје ќе допатуваат повеќе од 1.000 навивачи на клубот од Енфилд, а најавени се и 5.000 негови симпатизери од околните земји. Тие веќе може да се забележат низ нашиот главен град, каде што се зголемени мерките за безбедност. Англичаните се познати и по предизвикувањето инциденти, па затоа не смее да се препушти ништо на случајот, иако љубители на фудбалот се убедени дека и ова гостување на навивачи од Островот ќе помине во најдобар ред.

„Тие се секако познати, насекаде низ светот прават атмосфера, меѓутоа тука би требало да е мирно, да помине во спортска атмосфера.“
Амблемот на Работнички

„Досега гостувале и репрезентацијата на Англија и на Шкотска и немало проблеми. Мирни се, си пијат пиво по кафани.“

„Ги пречекавме еднаш и Шкотите и Англичаните и Холанѓаните, немаше инциденти.“

„Имаат страв од балканскиве земји, така што нема да ’скокаат‘ многу.“
XS
SM
MD
LG