Достапни линкови

Тачи:сите земји од ЕУ да го признаат Косово


Премиерот на Косово Хашим Тачи ги повика земјите од ЕУ кои уште не го признале Косово да ја прифатат новата балканска реалност. Тачи во интервју за лондонскиот весник Тајмс, изјавил дека одбивањето да се признае Косово е во спротивност со меѓународното право, но и неправедност бидејќи со тоа се оневозможува косовскиот просперитет. Од земјите членки на ЕУ, Косово не го признале Шпанија, Кипар, Грција , Романија и Словачка.
XS
SM
MD
LG