Достапни линкови

Влада и ЕВН отворено и низ македонскиот правен систем за проблемите


Владата на Република Македонија и ЕВН постигнаа согласност да бараат решение за отворените прашања во рамките на правниот систем на Република Македонија во отворена транспрентна постапка. Додека трае постапката, како што информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, ќе биде ставена во мирување тужбата на ЕВН Македонија до Арбитражниот суд во Вашингтон, а за решавање на проблемите не е прецизиран точен датум.
Тој прецизира несогласувањата меѓу ЕВН и Република Македонија се околу поделбата на долговите помеѓу ЕВН и ЕЛЕМ, обврската за инвестирање на ЕВН во Македонија, регистрацијата на ЕВН во Македонија и друго.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија холдинг Гинтер Офнер рече дека со добра волја и преговарање ќе се обидат да ги решат сите отворени прашања во процес кој ќе се одвива чекор по чекор во следните неколку месеци во интерес на граѓаните на Република Македонија.


XS
SM
MD
LG