Достапни линкови

Терористичка група ќе ја претворела Грција во “воена зона“


Грчка терористичка група се закани дека ќе ги интензивира нападите и ќе ја претвори државата во „воена зона“. Таа презеде одговорност за убиство на грчки новинар застрелан на 19 јули во Атина со 16 куршуми.
Групата Сектата на револуционерите објави дека почнува кампања со „палење, саботажи, бомби и убоства“ против полицијата, бизнисмени и новинари за кои смета дека се корумпирани.
Групата презеде одговорност за убиството на новинарот Сократис Гилијас со соопштение на компакт-диск испратен до Та неа. На компакт-дискот се и фотографии на оружјето на групата - 17 пиштоли и автоматско оружје, разлина муниција и нож.
XS
SM
MD
LG