Достапни линкови

Потврдена смрта на 45 лица од урнатиот пакистански авион


Пакистанските власти соопштија дека е потврдено загинувањето на 45 лица од патнички авион кој се урна во близина на главниот град на Пакистан Исламабад., а во кој, според извештаите, имало 152 патници и членови на екипажот. Спасувачките операции продолжуваат. Авионот и припаѓал на приватната Аир Блу и летал од Карачи до Исламабад пред да се урне во брдата Маргла на 2 километри од центарот на Исламабад. Засега нема детали за причините освен дека имало тешки монсунски дождови за време на уривањето на авионот.
XS
SM
MD
LG