Достапни линкови

Првиот човек на „Бритиш Петролеум“ ќе работи во Русија


Тони Хејвад, кој најави повлекување од директорската позиција на „Бритиш Петролеум“, ќе се вработи во руската филијала на британската компанија. Хејвад ќе отстапи од челното место на компанијата на први Октомври годинава. Оставката на Хејвад од челната позиција на „Бритиш Петролеум“ следи по експлозијата на една од платформите на британската фирма во Мексиканскиот залив, што ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во историјата на Соединетите Американски Држави.
XS
SM
MD
LG