Достапни линкови

САД ќе троши повеќе пари во Ирак и Авганистан


Американскиот парламент денеска изгласа закон согласно кој се одобруваат дополнителни сретства за финансирање на воените активности на земјата во Авганистан и Ирак. Согласно легислативата, од народната каса на САД ќе се издвојат дополнителни 37 милијарди американски долари за конфликтот во Ирак, а предвидено е и испраќање на нови 30.000 американски војници во Авганистан. Се на се`, новиот закон предвидува свежи расходи во висина од 59 милијарди американски долари. Во меѓувреме, американскиот ревизор соопшти дека американското министерство за одбрана не може соодветно да оправда 8.7 милијарди американски долари кои биле потрошени за војната во Ирак.

XS
SM
MD
LG