Достапни линкови

Кој ќе биде пензионерски лидер?


Кој ќе биде идниот битолски пензионерски лидер?
Кој ќе биде идниот битолски пензионерски лидер?

Двата скарани табора од битолското Друштво на пензионери избраа свој лидер, кој е легален, а кој не, ќе одлучува судот.

Продолжуваат превирањата во Здружението на пензионери во Битола. Двата закарани табора избраа секој свој лидер, а сега кој е легален, а кој не, ќе одлучува судот. Едниот претседател, Гавро Пановски, кој и претходно беше на чело на здружението, се уште ги држи канцелариите. Другиот, Томе Илиоски, нема пристап во просториите, но како законски застапник е заведен во Централниот регистар. Сега од двете страни фрчат обвинувања, тужби и барања за времени мерки, со што работата на здружението ќе заглави со месеци низ судските лавиринти.
Ние со тужбата баравме да се поништат тие одлуки што ги донесоа тие, а судот да изречи времена мерка со која ќе ги стави вон употреба овие документи, затоа што врз основа на нив Централниот регистар издаде налог и го избриша мојот
потпис.


„Ние со тужбата баравме да се поништат тие одлуки што ги донесоа тие, а судот да изречи времена мерка со која ќе ги стави вон употреба овие документи, затоа што врз основа на нив Централниот регистар издаде налог и го избриша мојот потпис.
Гавро Пановски не е вечен, имам 87 години и кога да е утре други ден ќе си одам, но не на ваков начин“, вели Пановски.

Според него, другиот табор сака да постави свој човек на негово место, за да може да управува со позамашна сума на пари со која располага здружението.


Призврзаниците на Илиоски, пак, тврдат дека биле приморани да организираат други избори, зашто Пановски за да биде реизбран направил изборен фалсификат.

„Она што јас цело време го посакував, со тужбеното барање го даде записникот кој исто така е тежок фалсификат. Доаѓаме до судење, во една легална судска постапка да докажеме кој е тој што треба да раководи со Здружението на пензионери од Битола. Ние поднесовме тужбено барање со времена мерка, Гавро Пановски да ни ги предаде клучевите од канцеларијата, печатите и архивата“, вели Кочо Созовски, еден од потпретседателите во спротивниот табор.

Останува да се види како сите овие времени мерки и судења ќе се одразат врз работата на здружението, од каде повеќето пензионери користат одредени поволности - плаќање огрев на рати, храна и друго.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG