Достапни линкови

Заврши состанокот за Стабилизација и асоцијација на Македонија и ЕУ


Европската комисија не ја менува позитивната препорака од минатата година за отпочнување преговори за влез на Македонија во ЕУ, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе по Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ.
„ Разгледувавме дали реформите се забавени или не, и се уверивме дека има нов моментум во реформите“ изјави Филе по состанокот.
Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски рече дека земјата ќе ги продолжи реформите во администрацијата, судството, економијата и борбата против корупцијата. Шефот на дипломатијата истакна дека Македонија ќе го продолжи партнерскиот однос со ЕК за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ. Милошоски додаде дека исто така на состанокот и од страна на еврокомесарот било посочено дека одговорноста за политичкиот дијалог не е само на владејачкото мнозинство туку истовремено и на опозицијата.
На состанокот Милошоски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски ги објасниле македонските позиции и заложбите за решавање на спорот со името и продолжување на дијалогот меѓу Македонија и Грција
XS
SM
MD
LG