Достапни линкови

Отфрлена молбата за ослободување на Момчило Краишник


Претседателот на Хашкиот трибунал Патрик Робинсон ја отфрли молбата на босанскиот Србин Момчило Краишник кој беше претседател на Парламентот на Република Српска да биде предвреме ослободен, откако одлежал половина од неговата пресуда од 20 години затвор. Робинсон смета дека нема да биде праведно доколку биде ослободен имајќи ја предвид тежината на извршените злосторства, за кои е осуден. Краишник е осуден на 20 години затвор поради депортирање, насилно префрлање и злосторства врз Бошњаци и Хрвати во периодот од април до декември 1992 година Прогласен е за виновен и поради учество во криминални дела со цел етничко чистење на територии, кои за време на војната биле под контрола на босанските Срби.
XS
SM
MD
LG