Достапни линкови

Вељаноски :не е доцна да се покаже дека има политички дијалог


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е незадоволен од тоа што не беа изгласани измените на Деловникот со кој ќе се испратеше позитивен сигнал на Состанокот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.Доколку денеска се добие негативна оценка, Вељаноски рече дека одговорноста ќе биде и негова, но и на опозицијата и на власта. Но тој е задоволен од тоа како се одвиваше политичкиот дијалог во изминатите 20 дена и се надева дека нема да биде доцна и за наредниот есенски извештај на ЕК да се пуштат сигнали дека Македонија работи на реформите и дека политичкиот дијалог во Собранието е добар. Претседателот на Собранието искажа подготвеност во секое време да закаже седница за да се изгласаат измените на Деловникот, но и за затворање на спорното прашање меѓу власта и опозицијата за парламентарниот механизам за трошењето на народните пари.
XS
SM
MD
LG