Достапни линкови

Катастрофални состојби во родилиштата во Македонија


Недоволно персонал, стари згради, немање опрема, недостиг на лекови, ова е сотојбата на македонските родилишта што ја констатирале од Комитетот за безбедно мајчинство. Според нив најкритични се условите во родилиштата во Штип и Велес. Членовите на Комитетот се согласиле дека 20 години ништо не е направено во тој сектор и затоа сега се преземаат мерки за санирање на состојбите. Последниот стручен надзор во болниците бил во почетокот на деведесеттите години. Во 1999 година починале 11 родилки, а додека во 2005 година починале 10 родилки на 100.000 кои родиле живородени деца. За таа цел веќе во септември ќе се испечатат протоколи, кои ќе пропишуваат како матичните гинеколози треба да ја следат бременоста. Во последните неколку месеци починаа две родилки, едната во Прилеп , другата во Гостивар, а пред неколку дена почина и родилка од Велес
XS
SM
MD
LG