Достапни линкови

ЕУ ја продолжи мисијата во Грузија


Од ЕУ соопштија денеска дека за уште една година го продолжиле мандатот за надгледување на примирјето по конфликтот меѓу Русија и Грузија во 2008-та. Така сега ЕУ ќе има мандат и во 2011 –та да го надгледува спроведувањето на прекинот на огнот. Мисијата во Грузија е една од најголемите мисии за безбедност на ЕУ , сочинета од 225 набљудувачи распоредени долж границата на Грузија со отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија. Грузиските власти ја поздравија одлуката велејќи дека мисијата е клуч за спречување на понатамошни насилства
XS
SM
MD
LG