Достапни линкови

Иран не ги подржува Талибанците во Авганистан


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги негираше обвиненијата дека ги подржува Талибанците во Авганистан. Тој во интервју што вчера се емитуваше на телевизијата СиБиЕс изјави дека Иран не подржува ниту една група. Ахмадинеџад изјавил дека Авганистанците сами треба да си управуваат со својата земја. Неговите изјави следуваат после објавувањето на тајните документи за војната во Авганистан, во кои се наведува дека Иран им дава поддршка на авганистанските бунтовници. Ахмадинеџад изјавил и дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Барак Обама
XS
SM
MD
LG