Достапни линкови

logo-print

Исланд ги почна преговорите за членство во ЕУ


Исланд ги започна разговорите со Брисел за пристапување во Европската Унија. Министерто за надворешни работи на Исланд Осур Скапфединсон изјави дека Исланд сака да го држи риболовниот сектор подалеку од рацете на ЕУ, кога ќе се придружи на Унијата. Тој изјавил дека риболовот е од суштинско значење на неговиот народ и затоа мора да остане надвор од риболовната политика на ЕУ. Тој побара Унијата да има разбирање за тоа прашање. Министерот изјавил дека ако Исланд станеше членка на Унијата пред неколку години ќе ја избегнеше колапсот на економијата во 2008-та.
XS
SM
MD
LG