Достапни линкови

Илир Мета утре ќе ја посети Македонија


Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Албанија Илир Мета утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Мета доаѓа на покана на неговиот колега Антонио Милошоски. Освен со Милошоски, Мата ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов , со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Од македонското МНР соопштуваат дека на средбите ќе се разговара за билатералната соработка , за процесот на евро-аталанската интеграција и за регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG