Достапни линкови

Бликс денеска ќе даде исказ за војната во Ирак


Поранешниот шеф на Комисијата за контрола на оружјето на ОН Ханс Бликс денеска ќе даде свој исказ во рамките на британската истрага за меѓународната инвазија предводена од САД во Ирак во 2003-та. Поранешниот шведски дипломат тврди дека ги предупредил властите во Британија и во Соединетите држави дека не е сигурно дека Ирак крие оружје за масовно уништување. Владата на поранешниот британски премиер Тони Блер како главна причина зошто почна инвазијата на Ирак го неведуваше тоа дека режимот на Садам Хусеин располага со оружје за масовно уништување
XS
SM
MD
LG