Достапни линкови

Одговорност за економските промотори


Во економската зона Бунарџик засега работат само две фабрики

Во економската зона Бунарџик засега работат само две фабрики

Власта вели дека резултатите ќе дојдат подоцна, а опозицијата бара одговорност за „залудно потрошените пари“.

Опозицијата бара одговорност за „залудно потрошените пари“, по укинувањето на промоторските места во неколку земји, додека власта вели дека промоторите завршиле добра работа.

Агенцијата за привлекување странски инвестиции ги укина промоторите во Романија, Чешка и Данска. Промотерот кој бил задолжен за Блискиот Исток веќе нема да работи во Египет и целосно ќе се насочи на Израел. Директорот на агенцијата, Виктор Мизо вели дека укинувањето не е поради лоши резултати на промотерите, туку дека анализите покажале дека во тие земји нема интерес и потреба да има промотори.

Потпретседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Јовановски критикува дека анализите требало да се направат пред да се испратат луѓето, а не отпосле.
Економските промотори ангажираат значителни финансиски ресурси, тие се добро платени, таму им е платено сместување, автомобил итн, и сега трошокот е направен, а резултат нема.


„Економските промотори ангажираат значителни финансиски ресурси, тие се добро платени, таму им е платено сместување, автомобил итн., и сега трошокот е направен, а резултат нема. Сосема нормално е во вакви услови кога е направена погрешна анализа, донесен е погрешен заклучок и направен е финансиски трошоци, е некој да им даде отчет на граѓаните и да одговара пред граѓаните.“

Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции

Мизо, пак, вели дека економските промотори во Романија и во Чешка, биле насочени кон „бркање“ на странските инвеститори што инвестираат таму, а не толку кон привлекување чешки или романски фирми да инвестираат во Македонија.

„Романија и Чешка, на пример, се едни од најголемите инвестициони дестинации за капитал од Западна Европа, од Северна Америка и во последно време од Азија, посебно во електрониката и во автомобилската индустрија. Она што работата на тие промотори таму го постигна е директно да може да се види со кои проблеми се соочуваат странските компании што се таму.“
Да се постават одредени цели кои што треба да се постават и да се бара за тоа да се постигне очекуваниот резултат. Доколку не се постигне да се побара одговорност.


Според него, нема простор за одговорност, затоа што промоторите во овие замји завршиле голема работа. Информациите што тие ги собраа, вели Мизо, им се пренесени на промоторите во земјите каде што е централата на фирмата што инвестирала во некоја од земјите во кои се укинати промоторите.

„Сега се концентрираме на оние други земји нормално каде што се лоцирани централите на овие компании.“

Претседателката на Транспарентност Нулта Корупција Слаѓана Тасева вели дека е несериозно, анализата за трошоци и очекувани резултати да не се направи пред да се почне некоја работа.

„Да се постават одредени цели кои што треба да се постават и да се бара за тоа да се постигне очекуваниот резултат. Доколку не се постигне да се побара одговорност, а ако тој што очекувал или ги пратил неподготвени значи одговорноста е кај тој што раководи со целата акција.“

На двајца промотори од Западна Европа не им се продолжени договорите поради незадоволителни релузлтати, но на нивно место ќе бидат назначени нови.

Мизо ги отфрла критиките дека нема ефекти од работата на промоторите. Резултатите се очекуваат на среден или на долг рок, вели тој.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG