Достапни линкови

Русија:санкциите на ЕУ кон Иран се неприфатливи


Русија ги критикуваше новите санкции на ЕУ кон Техеран и ги нарече неприфатливи. Министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата вчера ги одобрија новите санкции кон Иран поради неговата нуклеарна програма . Руското министерство за надворешни работи во соопштение издадено денеска наведува дека санкците на ЕУ се построги од они кои минатиот месец ги усвоија ОН. Санкциите на ЕУ вклучуват и забрана за соработка со ирански банки и компании за осигурување, како и забрана за соработка со ирански нафтени и компании за гас. Русија смета дека со новите санкции ќе се поткопаат напорите да се реши проблемот со иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG