Достапни линкови

logo-print

Авганистан: Кога доверливото станува јавно


Американското министерство за одбрана соопшти дека се обидува да ја утврди штетата што ја предизвика изнесувањето во јавноста на повеќе од 90 илјади доверливи документи за авганистанската војна. Овие информации, објавени на Викиликс, предизвикаа разочараност кај американската јавност. Некои веќе иронично оценуваат дека ова е поголемо истекување од онаа на нафтата во Мексиканскиот залив.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс, со внимателно избрани зборови, ја опиша реакцијата на претседателот Барак Обама дека биле објавени тајни документи за војната во Авганистан.

Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс

„Мислам дека ќе биде безбедно да се каже дека е алармантно овие информации да се најдат на веб страница“, изјави Гибс за документите објавени на Викиликс.

Во документите, меѓу другото, се откриваат податоци за цивилни жртви и за тајни договори меѓу Пакистан и талибанците. Сепак тој и со ваков став:

„Не мислам дека она што е објавено, не било, на многу начини, јавно дискутирано од новинарите или од претставници на американската влада веќе извесно време.“

Портпаролот на Пентагон Дејв Лепен, пак, наведува дека на војската ќе и требаат денови и недели да ги прегледа сите документи и да ја утврди потенцијалната штета и опасност за американските војници и коалиционите партнери во Авганистан.
Само мислам дека луѓето кои се против војната сега имаат повеќе муниција против неа, а луѓето кои се за неа и кои не сакаат да се критикува Америка сето тоа ќе го отфрлат. Не мислам дека нешто ќе се разниша или ќе
се смени.

Пентагон соопшти дека веќе истражува, како Викиликс дошол до тајните документи.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанџ изјави дека објавувањето на документите, што се оценува за најголемо во американската воена историја, било само почеток и оти неговата организација поседува уште голем број информации за други прашања и за други земји.

„Нашето искуство вели дека храброста е заразна“, изјави тој, изразувајќи надеж дека на виделина ќе излезат и други материјали.

Како и да е, со растечките сомнежи во успехот на американската политика во авганистанската војна, новите информации придонесоа за зголемување на разочараноста кај американската јавност.

Последното истражување на Галуп покажа дека 60 проценти од Американците веруваат оти работите во Авганистан не се одвиваат добро за Соединетите Држави. Во истовреме, расте и осудата за откривањето на вакви тајни информации во јавноста.


Дејвид Стреко, поранешен припадник на американската армија, не очекува протекувањето да доведе до јавен консензус во врска со војната.

„Само мислам дека луѓето кои се против војната сега имаат повеќе муниција против неа, а луѓето кои се за неа и кои не сакаат да се критикува Америка сето тоа ќе го отфрлат. Не мислам дека нешто ќе се разниша или ќе се смени.“

Сепак, лавината тргна, а моќниот претседател на сенатскиот Комитет за надворешни односи, Џон Кери оцени дека илегалното излегување на виделина на овие документи покренува сериозни прашања околу реалноста на политиката на Америка спрема Пакистан и Авганистан.

Неговите зборови би можеле да имаат политички последици за претседателот Обама кој се соочува со зголемени критики поради недостигот на напредок во војната.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG