Достапни линкови

Иран ги осуди новите санкции


Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека Техеран длабоко жали и го осудува новиот пакет строги санкции што Европската унија и Канада ги воведоа во напорите да се блокира иранската нуклеарна програма. Новите санкции вклучуваат мерки за блокирање на зделките со иранските банки и за спречување на инвестирањето во нафтениот сектор во Иран. Санкциите, како што е соопштено, имаат за цел да се натера режимот во Техеран да се врати на преговарачка маса околу неговата програма за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG