Достапни линкови

Исланд ги почнува преговорите со ЕУ


Денеска во Брисел со меѓувладина конференција и официјално почнуваат преговорите за пристапување на Исланд кон Европската унија. Вчера министрите за надворешни работи на Унијата прифатија да започнат преговори со таа земја. Исланд како членка на Европскиот економски простор веќе исполнува две третини од европското законодавство. Сепак во текот на преговорите треба да се постигне решение за чувствителното пршање околу риболовот. Исланд со околу 300 илјади жители би можело да стане 29 членка на Унијата, по Хрватска, доколку тоа на референдум го прифатат исландските граѓани.
XS
SM
MD
LG