Достапни линкови

logo-print

Одлука за израчување на Ганиќ


Судот во Лондон денеска би требало да донесе одлука за барањето за израчување на членот на некогашното воено претседателство на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ на Србија. Властите во Белград го сомничат за воено злосторство извршено во 1992 година при повлекувањето на една единица на ЈНА од Сараево. По одлуката на судот, предметот треба да биде проследен до британското министерство за внатрешни работи кое донесува одлука за екстрадиција. Одлуката потоа ја потврдува парламентот. Ганиќ беше уапсен во март на аеродромот Хитроу, а врз основа на потерница што ја издаде Србија.
XS
SM
MD
LG