Достапни линкови

Полицајци убиени во Турција


Турските власти соопштија дека тројца полицајци загинаа а еден е тешко повреден при вооружена престрелка во турскиот југисточен округ Хатај. Напаѓачите со автомобил успеале да побегнат откако отвориле оган врз полициското возило. Кусо по нападот, било пукано и кон Дирекцијата за безбедност во истата област , но во вториот напад нема повредени и приведени се осомничени.
XS
SM
MD
LG