Достапни линкови

Демонстранти повредени со гумени куршуми


Чувари на енергетска компанија во Романија со гумени куршуми повредиле пет луѓе што протестирале пред фирмата поради изградбата на генератори во нивниот селски атар. Шефот на полицијата соопштил дека инцидентот настанал кога група локални жители се обиделе да влезат каде што се градат електро-ветерниците, тврдејќи дека фирмата ЧЕЗ нема градежна дозвола за нивна изградба. Според шефот на полицијата , чуварите стрелале со гумените куршуми во самоодбрана.
XS
SM
MD
LG