Достапни линкови

Иран сака да се врати на преговори за нуклеарната програма


Иран денeска кратко по објавувањето дека ЕУ ги усвои сaнкциите кон Техеран, соопшти дека е подготвен да се врати на преговорите зa нуклeарната програма. Mинистрите за надворешни работи на ЕУ на денешната седница ги одобрија новите санкции кон Иран.
Санкциите ќе се однесуваат на банките и на енергетскиот сектор. Санкциите ќе стапат на сила откакао ќе бидат објавени во службен весник. Од ЕУ велат дека со овие санкции сакаат да го натераат Иран да се врати на преговорите за нуклеарната програма. Кратко потоа, иранскиот преставник во Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Иран е подготвен да се врати на преговорите. Комесарот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон ја поздрави одлуката на Иран но вели дека сака да ги види деталите прво.
XS
SM
MD
LG