Достапни линкови

Фармерот Илиевски:ме понижија пред народот


Укинат е триесетденвниот притвор за млекопроизводителите Томе, Цане и Душко Илиевски кои беа обвинети за одгледување на марихуана. По враќањето дома Душко изјавил дека се уште е во шок од обвиненијата против него и неговото семејство. Тој изјави дека бил засрамен и понижен пред народот иако чесно заработувал. По предлог на Јавното обвинителство, истражниот судија надлежен за овој случај донесе одлука за прекин на притворот за тројцата осомничени на кои им се одземени патните исправи, а истражната постапка против нив продолжува во нормална процедура. Целиот случај доби и политичка димензија, бидејќи Душко Илиевски зборуваше за правата на млекопроизведувачите на митингот на СДСМ. Случајот власта и опозицијата го искористија за дневно политички препукувања.



XS
SM
MD
LG