Достапни линкови

Во напади на НАТО во Авганистан загинале најмалку 45 цивили


Од авганистанската влада соопштија денеска дека најмалку 45 цивили меѓу кои повеќето жени и деца загинале при ракетен напад на НАТО силите во јужната провинцијата Хелманд. Нападот се случил во петокот кога силите бомбардирале засолништа на Талибанците но погодиле една куќа во која имало околу 45 цивили. Во соопштението од кабинетот на претседателот Хамид Карзаи се наведува дека истрагата покажала дека се убиени 52 цивили. Од кабинетот на претседателот ги повикуваат војниците на НАТО да избегнуваат да му наштетуваат на цивилното население.
XS
SM
MD
LG