Достапни линкови

logo-print

Коњановски:со некои реформи сме пред членките на НАТО


Со некои реформи Македонија е понапред од некои земји кои се веќе членки на НАТО, изјави денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски на презентацијата на сите завршени проекти или пак во фаза на реализација за 2009 и 2010 година. Тој притоа ги наброја сите мисии во кои учествувале или се уште учествуваа македонски војници. Меѓу најзначајните проекти на Министерството за одбрана реализирани во изминатата година се изработката и донесувањето на „Стратегија за одбрана на Република Македонија“ и Новиот закон за служба во АРМ, посочи министерот . Коњановски изајви дека меѓународната зедница и НАТО праќаат најдобри потври и оценки за спроведувањето на реформите во Македонија.
XS
SM
MD
LG