Достапни линкови

logo-print

Протекувањето на документите за Авганистан да нема влијание


Европските членки на НАТО изразија надеж дека истекувањето на доверливи документи на армијата на САД за Авганистан нема да имаат влијание врз ситуацијата во таа земја. Вчера интернет страницата „Викиликс“ објави 91 илјади документи на армијата на САД кои се однесуваат на изминатите шест години од војната, меѓу кои има и непријавени инциденти во кои се убиени авганистански цивили и тајни операции против талибански функционери. Шефот на германската дипломатија, Гвидо Вестервеле, предупреди на можните „повратни удари“ и ги повика сите засегнати страни во Авганистан да работат заедно кон национално помирување. И неговиот британски колега Вилијам Хејг изрази надеж дека ваквите истекувања нема да ја затрујат позитивната атмосфера. НАТО, кој командува и со американските воени единици во Авганистан, одби да го коментира настанот
XS
SM
MD
LG