Достапни линкови

logo-print

Саркози :Ал Каеда го убила францускиот заложникот


Францускиот претседател Никола Саркози денеска потврди дека 78-годишниот француски инжинер бил убиен откако бил киднапиран во пустината Сахара од страна Ал-Каеда . Саркози свика итен состанок по кој ќе го соопшти начинот на кој Франција ќе се одмазди за убиството на инжињер Мишел Жермено. Саркози изјави дека на министрите за одбрана и за надворешни работи им наложил да преземат чекори за одговор на настанот. Тој, исто така потврди дека француските војници, минатата недела учествувале во рација против Ал-Каеда во Мали. Водачот на Ал Каеда изјавил дека францускиот инжинер е убиен во знак на одмазда за загинувањето на 6 нејзини припадници во акцијата на војската на Мавританија изведена со подршка на француските сили.
XS
SM
MD
LG