Достапни линкови

Протести во Ош поради странските полицајци


Неколку стотини луѓе протестираат деенска во градот Ош во Киргистан поради плановите да се распоредат меѓународни полициски сили во земјата. Организацијата за европска безбеднсот и соработка минатата недела одлучи да распореди 50 ненаоружани полицајци кои треба да ги советуваат киргистанските власти и да помогнат за одржување на стабилизацијата на југот на Киргистан. Во минатомесечните немири на југот на земјата загинаа неколку стотини луѓе а 400 илјади беа приморани да се раселат или да побегнат од земјата.
XS
SM
MD
LG