Достапни линкови

Камерон во Турција


Британскиот премиер Дејвид Камерон, придружуван од министерот за надворешни работи Вилијам Хејг, денеска почнува дводневна посета на Турција. Се очекува тој да се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Британија традиционално е меѓу најсилните поддржувачи на кандидатурата на Турција за членство во Европската унија. Од Турција, Камерон планира да патува за Индија.
XS
SM
MD
LG